Преглед на вестите од светот
Железничките услуги помеѓу главниот град на Шпанија, Мадрид, и јужниот регион Андалузија, беа во прекин во четвртокот, при што бројот на патници нагло се намали на главната станица во главниот град еден ден по смртоносниот судир на брзи возови.
Независниот орган за истрага на сообраќајни несреќи на Шпанија, вчера соопшти дека бројот на жртви во судирот на возови достигнал 69.
Голем број железнички услуги беа откажани поради несреќата, додека железничките оператори координираа алтернативни транспортни аранжмани и им пружија помош на погодените патници.
Судирот во среда е втората голема фатална несреќа со брз воз во Шпанија оваа година, со несреќа во близина на Адамуз, во јужната покраина Кордоба, во која загинаа 46 лица на 18 јануари.
При руски напад со беспилотни летала се убини најмалку 14 лица на преполн железнички перон во украинскиот град Днепар во четвртокот и пет лица во дневните напади во други градови, соопштија официјални лица. Локалното примирје во Херсон предизвика внимателни надежи за продолжување на дипломатијата.
Претседателот Володимир Зеленски, одговарајќи на „ужасниот“ напад врз Днепар, ги повика партнерите на Киев да го зголемат притисокот врз Русија, која ги засили нападите во последните месеци врз украинските градови.
Државната железничка компанија соопшти дека беспилотно летало со млазен погон погодило перон на главната станица во Днепар, каде што патнички воз се подготвувал да тргне кон блискиот град Запорожје.
Силите за воздушна одбрана на Москва ноќеска ги неутрализирале повеќето беспилотни летала што се приближувале кон регионот, додека 170 беспилотни летала биле соборени при приближувањето кон руската престолнина, пренесуваат руските медиуми.
Италијански воен хеликоптер кој дејствуваше во рамките на мировната мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина се урна во четвртокот, при што загинаа четири лица, а 11 други беа повредени и се вон животна опасност, соопшти италијанското Министерство за одбрана.
Двајца од загинатите беа припадници на италијанската армија, а двајца припаѓаа на Доброволниот воен корпус на италијанскиот Црвен крст. Хеликоптерот бил распореден како дел од операцијата Алтеа, предводена од силите на Европската унија, кои го надгледуваат спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.
Италијанското Министерство за одбрана соопшти дека причината за падот е под истрага.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
