Македонија
30. October 2026 - 12:18

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина

Обвинетиот за потпалување на дипломатските возила на бугарската амбасада, призна вина. На старотот на денешното судење, 44 годишниот Игор Дашковски од Скопје, рече дека во целост се чувствува за виновен за пожарот кој го предизвикал во јуни пред Амбасадата на Бугарија.

Тој е обвинет дека сторил кривчно дело загрозување на лица под меѓународна заштита за кое предвидена е затворска казна. Судењето ќе продолжи на 11 ноември, со исказ на вешто лице за менталното здравје на обвинетиот.

Повикан е претставник и на амбасадата на Бугарија кој треба да каже дали бараат да се надомести штетата од потпалувањето на двата автмобили.