Операции на шака кај 16 повредени од трагедијата во Кочани
И година и половина по трагедијата во Кочани, дел од повредените се уште се соочуваат со отежната функција на рацете и нозете. Изминатите три дена во кочанската болница и Клиниката за пластична хирургија со помош на израелски тим од хирурзи биле направени операции на шаките кај 16 пациенти кои треба да им го подобрат квалитетот на живот.
- Навистина беше трогатечно да се види напредокот и да се направи споредба меѓу периодот кога бевме тука по првата катастрофа и состојбата во која се наоѓаме денес. Треба да имаме предвид дека повредите од изгореници се едни од најтешките медицински состојби за лекување. Справувањето со акутната фаза е исклучително тешко но уште поголем предизвик претставува рехабилитацијата на пациентите, изјави д-р Моти Харац, директор на националниот центар за изгореници во “Шеба”.
- Многу битна е физикалната терапија што следи за да овозможиме овие операции комплетно да ја вратат функционалноста на шаките и потешкиот дел допрваљ следи – организација на физикална терапија, она што веќе го правеа, изјави д-р катерина Мирчовска, директор на општа болница Кочани.
Дел од овие оперирани ќе имаат потреба и за дополнителни хируршки интервенции а истиот пат ќе треба да го поминат уште петнаесетина од повредените. Здравствените власти информираа дека бараат начин и за третман на еден од потешко повредените кај кој се потребни неколку оперативни зафати последователно а инсистирал тоа да биде направено во Македонија. Има и такви кои продолжуваат со терапии во странсво каде и биле третирани по трагедијата.
- Имаме еден повреден кој студира во Словенија и за што се обидуваме да го организираме третманот таму бидејќи поради студиите во Словенија не може да биде третиран во Македонија. Имаме и група пациенти кои беа третирани во странство и уште се третираат таму, вели Сашо Клековски, министер за здравство.
Благодарение на физикалната терапија и носењето на компресивна облека, пациенти кои имаа ампутација на прсти, успешно се справуваат со секојдненвите активности. Бројката на пациенти кои сеуште имаат потреба од друго лице е е голема, околу 4, изјави д-р Гордана Георгиева Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
И израелските и македонските хирурзи кажаа дека кај дел од повредените опоравувањето ќе трае со години.
Во трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 63 лица а повеќе од 200 беа повредени.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
