Македонија
6. November 2026 - 12:16

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска е домаќин на неговиот колега, министерот за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис.

Во фокусот на разговорите биле можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, особено во политичката, економската и развојната сфера, континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка, како и европската перспектива на нашата земја.

Двајцата министри имаа тет а тет средба по што двете делегации одржаа состанок. Пред малку заврши и заедничката прес кофнеренција.