Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
Бизнисменот Зоран Азманов, физички бил нападнат во скопскиот граѓански суд. Инцидентот се случил утринава во судницата број осум за време на рочиште кога Азманов во својство на управител на градежна компанија, бил нападнат од маж повикан како сведок. Нападот се случил кратко по стартот на судењето со кое градежната компанија води судски спор за долг од речиси 50 илјалди евра. Должник е фирма со која управувала сопругата на напаѓачот.
„На рочиштето од 06.11.2026 година, Зоран Азманов како управител на тужителот бил физички нападнат од страна на лицето кое на рочиштето било покането како сведок и истото е сопруг на тужената“, велат од Основен Граѓански суд – Скопје.
Од граѓански велат дека судијата што постапувал по предметот веднаш ги презел сите мерки, а настанот бил пријавен во полиција.. На местото пристигнале полициски службеници, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.
МВР го потврди настанот, пријавата за напад ја добиле десетина минути пред 10 часот, или по неполни 20тина минути откако странките влегле во судницата.
„Во 9:47 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Основен Граѓански суд, З.А бил физички нападнат од Ѓ.С и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Во телефонски разговор за Сител, Азманов вели дека напаѓачот го фатил за врат во обид да го задави, а додека дошла судската полиција му ги виткал и рацете, па по нападот завшрил во болница. Лекарите како што вели тој констатирале изместување на рамо, задушување и контузии на главата и вратот.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
