Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
Роаминг како дома во Европската Унија е сѐ поблиску.
Европската Комисија официјално соопшти дека ги почнала преговорите со сите земји од Западел Банкан поединечно.
Министерот Андоновски вели, процесот е почнат и очекува во најскоро време да бидат рафификувани спогодбата.
- Донесовме на Влада пред една недела рамка и нацрт-спогодба што значи дека веќе го имаме текстот на нацрт-спогодбата. ГО вративме со коментари до Европската Комисија. Тоа е начинот на преговарање и очекувам во наредниот краток период да добиеме повратно, да видиме каде можеме да се најдеме за некои од забелешките кои ние ги имавме и да да одиме потоа на потпишување и ратификација на спогодбата, вели Андоновски.
Роаминг како дома ќе значи дека во 27-те земји членки на ЕУ, како и оние што се дел од Европската економска зона, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка ќе плаќаме за интернет, повици и пораки како да сме дома, во Македонија.
Вакво нешто веќе неколку години е во сила во земјите од Западен Балкан.
Андоновски во владиниот медиа-центар ги презентираше заклучоците од Извештајот за напредокот на Македонија во делот на дигитализацијата. Комисијата оцени дека Македонија постигнала „добар напредок“ во дигиталната трансформација, што претставува подобрување во однос на минатогодишната оценка.
Земјата сега се наоѓа меѓу умерено и добро ниво на подготвеност во Поглавјето 10, кое ги опфаќа дигиталната трансформација и медиумите.
Еден од највидливите резултати е проширувањето на националниот портал за електронски услуги.
- Според податоците во Извештајот, до крајот на август на Националниот портал биле достапни 338 услуги, вклучително и делумно електронски услуги. Нивното користење е двојно зголемено во однос на претходната година. Или со бројка, во 2024 - 41.377, во 2025 - 161.335 и во 116.280 само до октомври оваа година, вели Андоновски.
Андоновски најави дека во ќе бидат воведени нови дигитални услуги од повеќе институции.
Не сакаше да открие кои точно услуги и од кои институции, но кажа дека МВР предничи и наскоро тие ќе бидат презентирани.
Дополнително, Министерството за дигитална трансформација работи на Регистарот за авторизација преку кој ќе биде овозможено управителите на компаниите да авторизираат друго лице, вработено во фирмата или адвокат за да настапува во промет во име на компанијата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
