Македонија
12. November 2026 - 21:12

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!

Осомничената Ива Михаилова не ја напуштила државата на легален начин, освен што ја нема во граничните евиденции, ја нема ниту на камерите долж патните правци. Во критичниот период од кога последен пат е видена во Кочани до моментот на нејзиното појавување на телевизија во Бугарија, ниту неа ниту нејзиниот адвокат не се забележани од безбдносните видео надзори. Министерот за внатрешни работи ги отфрли нивните тврдења и порача дека ова е лоша пропаганда која е поддржана од една држава членка ма ЕУ. 

Досегашната истрага не утврдила вина ниту кај граничната полиција ниту кај полицајците во кочанската станица за бегството на осомничената. 

По последниот трагичен случај со убиството на 17 годишната Билјана од Богданци прашањето за безбедноста на жените и воведувањето на електронски алки за следење на насилниците е повторно во фокусот на јавноста. 

Иако статистиката на МВР бележи скок од 270 проценти кај изречените притвори и 50 отсто повеќе кривични постапки по службена должност, црниот биланс од 7 жртви на семејно насилство покажува дека се потребни посилни превентивни механизми. Од МВР потврдуваат дека 25 проценти од вкупните прибрани средства во буџетот може да се пренаменат и за вакви безбедносни проекти. 

Иако законот самостојно нема целосно да го искорени насилството Тошковски вели дека новите одредби же и овозможат на полицијата да реагира многу побрзо и поостро по добиената пријава.