Преглед на вестите од светот
Мајкрософт од вчера попладне се соочува со голем глобален прекин на своите услуги од пакетот Мајкрософт 365. Од компанијата велат дека обидите за решавање на проблемот не се одвиваат според очекувањата. Милиони корисници, од поединци, до компании, судови, банки и државни институции во Европа, Америка и Азија пријавија потешкотии со пристапот и користењето на Аутлук, Тимс, Шерпоинт и Копилот. Проблеми има во најмалку 74 земји.
- Потврдивме дека повеќе услуги, вклучително и софтверот за е-пошта Outlook, станаа недостапни, како и дека продолжуваат одредени пречки во меѓуминистерската комуникација преку GSS – инфраструктурата на владиниот информациски систем, изјави Минору Кихара, главниот секрета на јапонската влада.
- Вообичаено, за работа го користам ’Мајкрософт 365‘ и споделувам многу документи со моите колеги. Се чувствувам попречено во работата, бидејќи не можам да ги споделам документите со другите колеги.
- Мислам дека нашата зависност од технологијата нè прави ранливи на ситуации како оваа.
Според Мајкрософт, прекинот не е резултат на сајбер – напад или злонамерна активност. Проблемот, како што соошти компанијата, е предивикан од интерна интерна техничка грешка при автоматските проверки на серверите, што довело до нивно исклучување и верижно преоптоварување на преостаната инфраструктура.
На следната рунда мировни преговри меѓу САД, Русија и Украина официјално ќе се приклучат и европски претсавници. И Русија и Украина се согласија Европа да биде вклчена во разговорите објавија американските преговрачи Стив Витков и Џаред Кушнер кои вчера оддржаа одвоени со Путин во Моксва и со Зеленски во Даблин. Кремљ засега не излезе со офцијална потврда дека се согласил Европа да учестува во преговарачкиот процес. Според најавите на медијаторите, новата рудна преговори би можела да се одржи во рок од две недели, но точниот датум и локација се уште не се официјално потврдени.
Иранската револуционерна гарда оддржува изложба на домашно произведено оружје и воено опрема во Националниот воздухопловно-вселенски парк во Техеран. Посетителите можат да повеќе видови балистички и хиперсонични ракети, дронови и системи за противвоздушна одбрана. Изложени се и американски и израелски беспилотни летала кои биле соборени од Иран. Целта на настанот е да се прикаже технолошкиот напредок и самоодржливоста на иранската одбранбена индустрија во услови на зголемени регионални тензии порачаа иранските власти.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
