Македонија
16. November 2026 - 12:18

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности

Нелојалната конкуренција останува  сериозен предизвик за агенциите за недвижности, особено поради се поизразеното нерегистрирано посредување од страна на физички лица.Со масовната употреба на социјалните мрежи оваа појава добива поголем замав бидејќи тие овозможуваат лесно и брзо огласување и посредување без соодветна регистртација.

Добрите познавачи сметаат дека неопходно е законско уредување на посредувањето со недвижности, воведување задолжително лиценцирање на агенциите и агентите, јасни професионални стандарди и ефикасен институционален надзор.

Инаку според актуелните состојби и движењата на пазарот агенциите очекуваат побарувачката за недвижности во Охрид да остане стабилна со понатамошен поумерен раст на цените.