Новите технологии ја менуваат стоматологијата
Современата стоматологија се соочува со нови предизвици. Дигиталните технологии сè повеќе навлегуваат во стоматолошките ординации, а новите методи на дијагностика и лекување бараат постојано усовршување на докторите по дентална медицина.
-Континуираната едукација не е само професионална обврска, туку и можност да стекнеме нови вештини, да го споделиме нашето искуство, да научиме нешто ново, за да можеме пред сè да го подобриме нашиот третман и грижата за пациентите., изјави Весна Трпевска, доцент на Медицински факултет, УГД-Штип.
Размената на стручни искуства и следењето на современите достигнувања беа во фокусот на 15. Меѓународен симпозиум по дентална медицинам на УГД во Штип. Посебно внимание беше посветено на практичната примена на новите сознанија.
-Кога зборувам за новини, мислам на сите овие дигитални апарати што се воведуваат во современата стоматологија, како и сите болести на денешнината. Се она што ќе се каже денес тука е она што се случувало вчера, мешутоа веќе утре излегуваат некои новини и затоа гледаме да бидеме во тек со сите настани и новини, изјави Киро Папакоча, универзитетски професор, Медицински факултет, УГД-Штип.
Интересот за ваквите стручни собири од година во година расте, особено кај младите стоматолози и студентите по дентална медицина. Целта е новите научни сознанија што побрзо да најдат примена во стоматолошките ординации, а пациентите да добијат поквалитетна здравствена заштита.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
