Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
Македонскиот идентитет е дел од Преспанскиот договор, а македонскиот јазик е дел од портфолиото на Обединетите Нации. Премиерот Мицкоски на панел дискусија на форумот за проширување на Европската Унија вели дека процесот на проширување е за модернизирање на државите, а не за губење на идентитетот.
Сега е времето за обединување на Европа. Комесарката за проширување, Марта Кос вели дека денеска процесот на проширување на Унијата се одвива во многу покомплицирана ситуација отколку во минатото.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, вели дека доколку Унијата во минатото не примаше нови членки денеска ризиците од Москва ќе беа многу поголеми.
Форумот под мотото „поширока Европа – посилна Европа“ обединува широк круг учесници. Од високи национални и регионални политички лидери, претставници на грѓаанското општество, претприемачи, експерти од земјите-членки на ЕУ, но и од земјите кандидати.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
