Македонија
17. November 2026 - 16:52

Николоски бара ЕУ итно да го реши проблемот со превозниците и јаглеродната такса

Унијата итно да го реши проблемот со превозниците, затоа што бизнисот трпи сериозни последици.

Вицепремиерот Николоски на форумот во Виена побара  конкретни чекори и политичка заложба, а не само бирократски разговори кои не нудат решение.

Речиси една година трае голготата на професионалните камионџии од земјите од Западен Балкан, кои бараат правилото 90/180 за влез и излез од шенген земјите, да не важи за нив.

Но освен билатерални договори со секоја земја поединечно, конкретна заложба од ЕУ за нивниот третман, нема.

„Можеме да имаме убави говори, но ако стоката не може да стигне до крајниот корисник, не можеме да зборуваме за ништо. Веќе една година зборуваме за овој проблем, а сè уште нема политичка одлука“, порача Николоски.

Вториот сериозен проблем е извозот на електрична енергија произведена од обновливи извори. Николоски бара преиспитување на примената на јаглеродната такса, која им создава дополнителни трошоци на компаниите.

Станува збор за давачка која ја воведе Унијата и мора да ја плаќаат извозните компании од земји кои не се нејзини  членки, а користат големо количество јаглерод диоксид во своето произвдоство.

Поради овие ограничувања, само во Македонија се засегнати повеќе од 500 милиони евра кредити во домашните банки, поврзани со компании што инвестирале во производство на електрична енергија, но се соочуваат со проблеми при нејзиниот извоз.

„Дури и зелената енергија произведена во регионот не може да се извезува. Како тогаш да инвестираме во ветерници, соларни панели и хидроенергија?“, додава Николоски.

Јаглердоната такса се воведе од почетокот на годината.

Се проценува дека копаниите кои извезуваат на еврипскиот пазара ќе ги чини од 40 до 80 милиони евра годишно, ако на време не се декарбонизираат.

Со оваа давачка, македонските производи ќе бидат поскаппи и помалку конкурентни на европскиот пазар.