35 години Устав – Од историски темел до денешните предизвици
Од првичниот текст во 1991 година, преку Рамковниот договор и уставните измени во 2001 година, па сè до промената на уставното име во 2019 година – Уставот беше и останува еден од најзначајните документи околу кои се испишува современата македонска историја. 35 години од донесувањето на првиот Устав во независна Македонија, документот што ја означи таа историска пресвртница и натаму е во центарот на најважните политички и општествени дебати.
Претседателката на државата Силјановска Давкова од централна свеченост во парламентот предупреди дека највисокиот правен акт не смее да се менува по секое ново барање.
Силјановска го повтори ставот во оснос на барањето за уставни измени како услов за македонските интеграции. За Македонија потребна е извесност во процесот.
35 години по донесувањето на Уставот, пред институциите останува обврската да градат посилна демократија, владеење на правото и меѓусебна доверба, порача собранискиот спикер.
Во изминатите 35 години, Уставот беше менуван осум пати, со вкупно 36 амандмани.
Низ него се пресликуваа политичките, општествените и историските промени, а секоја измена отвораше нови дебати за државноста, идентитетот, правата и иднината на земјата.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
