Мерка притвор од 30 дена за Кристијан Корабоски
30 дневен притвор за охриѓанецот Кристијан Корабоски, тој од синоќа е во затворот во Охрид обвинет дека ја претепал до бесвест својата 26 годишна девојка Сара Ѓорѓиеска, кој вчера беше обвинет за три кривични дела, Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста .
Како што информираат од Основното јавно обвинителство тој противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на Ѓорѓиеска.
„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, стои во соопштението на ОЈО Охрид.
На обвинетиот најпрвин му беше одредена мерка на претпазливост, но подоцна како што најави директорот на Бирото за Јавна безбедност, Јанев, полицијата продолжила со документирање на случајот во потрага по нови околности елементи и докази од кои се променила одлуката.
Од Основниот суд од Охрид велат дека по поднесениот обвинителен предлог заради итноста на постапката е закажана главна расправа за ден 27.11.2026 година во 11:00 часот.
„По повод посебниот предлог за определување мерка притвор надлежен судија на Основниот суд Охрид пред почеток на главната расправа во текот на вчерашниот ден одржа рочипте и по испитување на странките донесе Решение за мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението на Основен суд Охрид.
Повредената девојка по направените медицински испитувања од вчера е пуштена на домашно лекување.
Паралелно се води постапка и против таткото на девојката, кој беше лишен од слобода по пријава дека упатувал закани кон семејството на обвинетиот.
Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.
За денес најавени се протести пред СВР Охрид од Форумот на жени на СДСМ .Инаку судскиот процес за Кристијан Корабоски започнува на 27 ноември.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
