Г.г. Стефан му го честита роденденот на рускиот патријарх, благодарејќи му за татковската грижа
Македонскиот архиепископ Г.г. Стефан ја пофали татковската грижа и мудроста на рускиот партијарх Кирил, во упатената честитка за неговиот 80-ти роденден.
Македонскиот црковен поглавар му оддава признание за неговото самопожртвувано служење за доброто на Светата Црква.
„Во Вашето одговорно првосветителско служење на чело на Руската православна црква, во целост се откриваат Вашата духовна мудрост и татковска грижа. Пред лицето на сложените предизвици на нашето време, Вашето првосветителско служење претставува сведоштво за цврстината во верата и за свесноста за одговорноста на оној кому му е доверено да го води Божјиот народ по патот на спасението“, пишува г.г.Стефан во честитката.
Честитките лично ги пренесе и македонска црковна делегација која вчера се сретна со партијархот на Руската православна црква во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир во Москва.
Дебарско-кичевскиот митрополит Грегорил и епископот Хераклејски Климент слушнале од рускиот партијарх за блискоста на двете цркви, но и фактот дека ова е историска посета.
„Нашата денешна средба е посебна: за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква – помесна црква која доби законска автокефалија“, изјавил рускиот патријарх.
Партијархот Кирил е една од највлијателните религиски личности во Русија, но и контроверзен по своите ставови во европскиот свет поради поддршката на Путин и инвазијата врз Украина.
Во 2022 година се најде на предлог-листата за шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија со што ќе добиеше добиеше забрана за патување во Унијата, Обидот пропадна по противењето на Унгарија.
Годинава пак се најде на листата за санкции која пропадна поради противењето на бугарскиот премиер Румен Радев.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
