Модернизација и дигитализација на земјоделското производство
Со вложување во нови технологии до поголема продуктивност во земјоделството. Современите системи за обработка и сеидба овозможуваат подобро искористување на земјоделските површини и порационално трошење на ресурсите.
Таков пример е стопанството на Бубе Трајковски од Куманово, кој обработува над илјада хектари земја. Благодарение на инвестициите во механизација, за помалку од две децении успеал двојно да ги зголеми приносите, а со дигитализацијата очекува дополнително подобрување на ефикасноста.
-Ние жнееме пченица од шест до осум тони, јачмен жнееме шест-седум тона. Меѓутоа, во секој случај, ние сега со дигитализацијата само ќе си ја олесниме работата и можеме некои си пет до десет посто со тоа што ќе сееме прецизно, кај што ќе нема преклопување, и можеме малку трошоците да си ги намалиме, бидејќи ќе се сее многу попрецизно, изјави Бубе Трајковски, земјоделец од Куманово.
Покрај условите за производство, врз заработката на земјоделците влијаат и состојбите на меѓународниот пазар. Особено значајни се количините жито со кои располагаат големите извозници, бидејќи нивната понуда може да влијае врз формирањето на цените.
-Има голем проблем, се манипулира со количина на пченица, пазарен вишок во Русија и во Украина, некаде околу сто милиона тона. И тоа е голема количина, додаде Трајковски.
Во меѓувреме, површините наменети за производство на пченица во Македонија се очекува да останат на минатогодишното ниво. Количините што се добиваат од домашните ниви не се доволни за целосно снабдување на пазарот со лебно зрно, па дел од потребите се обезбедуваат од странство.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
