Македонија
23. November 2026 - 12:27

Регионалниот центар во Новаци се очекува да функционира во 2030 година

Завршена е постапката за избор на проектант за затворање на нестандардната депонија во Буково. Воедно, течат активностите и за претоварната станица во Мауцкер, како и за собирниот центар во Охрид. Очекувањата се претоварните станици и регионалниот центар за управување со отпад во Новаци да се функционални во 2030-тата година.

Емил Ангелов, раководител на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, појасни дека е иразботен шестгодишен плански документ кој треба да обезбеди институционална, оперативна и финансиска рамка за Пелагониско-југозападниот регион.

​Инаку, Регионалниот систем за управување со отпад за Југозападниот плански регион функционира заеднички со Пелагонискиот  ги опфаќа сите 18 општини од двата региона. Целта е отпадот да се третира преку еден интегриран систем наместо секоја општина да делува самостојно.