Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
Скок од 16 места на рангирањето за дигитализација на Обединетите Нации. Македонија годинава го постигна својот втор најдобар резултат откако постои ова мерење и ова 68. место ја смести во категоријата на држави со многу висок дигитален развој.
Рангирањето се однесува на дигиталните услуги кои државата ги нуди, телекомуникациската инфраструктура и вештините на населението. Во сите овие ставки Македонија бележи напредок.
- Овие резултати ни даваат причини за задоволство, но и јасна насока за следните чекори. Треба да продолжиме ги унапредуваме услугите на uslugi.gov.mk и на e-uslugi, да ги поврзуваме институциите, да ја подобруваме инфраструктурата и да инвестгираме во дигиталните вештини што граѓаните можат да ги користат од почеток до крај, електронски, без непотребни документи и без повторени посети на институциите, вели министерот Андоновски.
Андоновски очекува до крајот на мандатот на оваа Влада, доколку во меѓувреме нема предвремени парламентарни избори, скокот на следните мерења да биде уште позначителен.
Следното мерење ќе биде во 2028 година, на крајот од годината ќе излезат резултатите. Очекуваме да имаме 20 до 30 места уште подобар резултат, вели Андоновски.
Во моментов државата нуди 350 дигитални услуги. Андоновски најавува дека во следниот период Министерството ќе се фокусира на услуги кои ги нуди Управата за јавни приходи. Претходно најави дека наскоро и МВР ќе го зголеми портфолиото на електронски услуги.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
