Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид

Осум лица завршија во болница по пожар што избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Поради инцидентот, жителите на зградата биле евакуирани, а полицијата го привела 55-годишниот сопственик на станот во кој настанал пожарот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во сопствениот стан.
Благодарение на брзата реакција на полициските службеници и на Територијалната противпожарна единица од Охрид, повеќе станари биле безбедно евакуирани. Осум лица, кои се здобиле со повреди и имале проблеми со дишењето, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница.
Од МВР посочуваат дека СВР Охрид, во координација со надлежните служби, презема дополнителни активности за помош на станарите и стабилизирање на состојбата.
По целосното документирање на случајот, против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“.
Ново на Сител
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
-

Негативен природен прираст во третото тримесечје - За 647 повеќе умрени отколку родени
-

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно ниво
