Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид

Осум лица завршија во болница по пожар што избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Поради инцидентот, жителите на зградата биле евакуирани, а полицијата го привела 55-годишниот сопственик на станот во кој настанал пожарот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во сопствениот стан.
Благодарение на брзата реакција на полициските службеници и на Територијалната противпожарна единица од Охрид, повеќе станари биле безбедно евакуирани. Осум лица, кои се здобиле со повреди и имале проблеми со дишењето, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница.
Од МВР посочуваат дека СВР Охрид, во координација со надлежните служби, презема дополнителни активности за помош на станарите и стабилизирање на состојбата.
По целосното документирање на случајот, против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
-

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции
-

Брисел со поддршка за Западен Балкан, најавени 338 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора
