Македонија
5. April 2016 - 16:52

Даниелсон на средби со партиските лидери и премиерот побара да овозможат услови за фер и кредибилни избори

Фер и кредибилен изборен процес е единствениот клуч за враќање на земјата на патот кон евроаталнската интеграција, порача по средбите со лидерите на четирите политички партии и премиерот здолжен за спроведување на изборите, директорот на директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон., Данеилсон ги повика сите политички партии да го поддржат процесот потребен за целосно прочистување на избирачкиот список, работата на специјалното јавно обвинителство, а медиумите ги повика на граѓаните да им обезбедат балансирано известување и да го почитуваат кодексот за етичко известување.

Даниеслон порача дека покрај ОДИХР кој веќе го започнаа процесот за набљудување на пред и изборниот процес, тоа ќе го прави и меѓународната заедница. Обврска на државата е порача Даниелсон да ги спроведе и потребните реформи.

Директорот на директоратот за проширување на ЕК; пред прес конференцијата во резиденцијата на ЕУ во Пржино имаше ручек средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Претходно се сретна и со премиерот задолжен за спроведување на изборите. Емил Димитриев според соопштението од владината прес служба го информирал Даниелсон дека приоритет на Владата е организацијата на фер, кредибилни и демократски избори на 5 јуни, што ќе овозможи разрешување на политичката состојба во земјата и формирање на Влада која ќе може да се посвети со полн интензитет на реформите и проектите кои имаат реална корист за граѓаните.

Димитриев ја истакнал поддршката која Владата ја обезбедува за Државната изборна комисија во насока на прочистувањето на избирачкиот список.

Утрово Даниелсон се сретна и со лидерите на ДУИ и ДПА.

Предтходно средба со директорот на директоратот за проширување на ЕК имаше и лидерот на СДСМ Зоран Заев.