Македонија
5. May 2016 - 16:20

Петир: На власт се доаѓа на легитимен пат преку избори со програма

На Македонија не и се потребни тутори, политичарите и народот се доволно способни сами да ја водат внатрешната политика, оцени евро пратеничката Маријана Петир пред стартот на денешната дебата за политиката на проширување и нејзините перспективи. Таа порачува дека не смее да има одложување на изборите зошто земјата има потреба од избор на влада со целосен легитимитет час поскоро. Одговорноста за кризата ја гледа во обидите за подривање на договорот и непочитување на потпишаното во Пржино.

- На Македонија не и требаат тутори. Македонските политичари и народ е доволно способен да ја води својата внатрешна политика. На Власт се доаѓа по демократски пат. На власт се доаѓа преку избори на кои оној кој ја добил мнозинската поддршка има легитимитет. ДИК е именувана од Собранието, легитимно и е составена од 3 претставници на власта, 3 од опозицијата и 3 експерти. Па така ДИК нека излезе и нека каже дали има услови за избори и тоа треба да го каже овластеното тело а некој од страна. Тоа не можам да го кажам ниту јас ниту претставници на некои други земји. Тоа нам не ни е работа, вели Петир.

Запрашана за можноста од воведување на санкции од страна на ЕУ, таа порачува дека Македонија е суверена држава и ЕУ неможе да воведе никакви санкции.

- Вие сте самостојна и суверена дражва која има свој Устав и во таа смисла функционирате како самостојна држава и јас не гледам дека ЕУ може да донесе било какви санкции кон Македонија. Јас ја повикувам ЕУ и сите оние за кои сметам дека се добронамерни да и помогнат на Македонија, пријателството се покажува преку помагање а не преку одмагање, заклучува таа.

Европратеничката оценува дека Македонија одамна ги има исполнето условите за старт на преговорите и прием во унијата, но се уште е единствената земја која е блокирана на патот кон интеграциите поради билатерален спор. Грција е таа која ја прекрши спогодбата, оценува Петир.

-Никогаш на ниту една држава која била кандидат за членство во ЕУ не и биле поставени услови кои се однесувале на билатерални прашања. А сите знаеме дека Македонија не е дел од унијата поради билатерално прашање со Грција, вели таа.

Европратеничката оценува дека Македонија покажала како треба да се чува надворешната граница за разлика од некој долгогодишни членки на ЕУ, постапувајки соодветно и навремено. На денешната дебата покрај Пети учествуваа и МНР, ВПЕП, претсвници од опозицијата и НВО.