Иванов од Истанбул: Политичката криза предолго трае и влијае на капацитетите на државата
Политичката криза во Македонија трае предолго а тоа серизоно влијае на капацитетите на државата за соочување со мигрантската криза и безбедносните ризици, ова е пораката која претседателот Горге Иванов му ја пренел на словенечкиот премиер Миро Церар на билатералната средба на самитот во Истанбул. Иванов порачува дека е неопходно политичките лидери да покажатодговорност кон интересите на граѓаните и државата. На првиот светски хуманитарен самит посветен токму на итно изнаоѓање на начин за надминување на страдањата предизвикани од досега најголемата миграција, Церар се заблагодарил за она што Македонија го правеше и се уште го прави за Европа. Попладнево Иванов има билатерлна средба и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Само храбри лидери може да стават крај на страдањата им порача во своето обраѓање на самитот на своите колеги претседателот Иванов. Тој вели дека е неопходен нов пристап на превенција и мировни решенија, а не повторување на двојните стандари и решенија како досегашните кои само придонеле конфликите да се шират и продлабочуваат.
-За сето ова е неопходно храбро политичко лидерство, кое нема да биде паралелизирано од страв. Овој самит и оваа агенда ни помагаат да направиме храбри чекори кон создавање свет во кој ќе биде обновена вербата во човештвото и во солидарноста, во кој ќе се почитуваат и заштитуваат човековите права и правото на човечкото достоинство, порача Иванов.
Идејата за првиот светски мировен самит пред четири години ја претстави Бан ки Мун, а Истанбул денеска ги отвори вратите за над 5.000 учесници. Канцеларката Меркел, како единствен претствник од групата на големите Г7, Бан ки Мун како домаќин, лидерите од целиот балкански регион како и земјите од Африка, Блискиот исток, Азија и Америка, придружувани од бизнис и невладиниот сектор. Нивната цел е единствена, заедно за подобра иднина.
80 милиони луѓе кои имаат итна потреба од хуманитарна помош и 50 милиони кои живеаат во воените зони ги очекуваат заложбите за акција кои носат овие два дена овде во Истанбул лидерите на над 60 земји на првиот светски хуманитарен самит. Сител во Истанбул Иван Кузмановски.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
