Груевски во посета на тетовско- Владата донесе мерки за помош на поплавените
Десет дена по катастрофалните поплави во Тетовско интензивно се работи на расчистување на последиците. Тешка механизација ги расчистува наносите во под Шар планинските села. На терен активно работат екипи на ДЗС и припадници на Армијата. Премиерот Груевски втор пат по големото невреме ги посети најпогодените подрачја за да поразговара со жителите и да види како се одвива санирањето на штетите.
- Благодарност за поддршката до сите надлежни институции вклучени во санирањето на штетите од поплавите, изразија жителите на Шипковица и рекоа дека патиштата се генерално расчистени, а вода и струја беа обезбедени уште првиот ден по катастрофата, изјавија жители на Шипковица.
Премиерот ги информираше жителите на Шипковица за мерките кои ги донесе Владата за помош на настраданите од поплавите.
-На вчерашната владина седница беше донесена одлука која предвидува првична помош од 30.000 денари за семејствата чии објекти беа оштетени, плаќање кирија и 160.000 литри нафта за потребната механизацијата за санација на штетите, рече премиерот Никола Груевски.
Во разговор со жителите на Шипковица вицепремиерот Пешевски рече дека ќе бидат обезбедени дополнителни градежни материјали,ќе се дезинфицира школото, а ќе биде изготвен и проект за минирање на карпата над селото која е серииозна опасност за жителите.
-Во Шипковица дополнително ќе бидат донесени неопходни градежни материјали, а ќе се исчисти и школото, ќе се дезинфицира и ќе биде во целост подготвено за претстојната учебна година, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за еконосмки прашања
-Војската е постојано на терен и има свои екипи од по 10 лица кои се менуваат двапати на ден. Освен во Шипковица, се делува и во Порој и во Речица, изјави Зоран Јолевски, министер за одбрана.
Младото момче Лаурат Исмаили од Шипковица кој беше повреден во невремето, а спасувачките екипи му помогнале лично му се забралодари на премиерот Груевски.
-Лаурат Исмаили, жител на Шипковица.
По Шипковица Владиниот тим предводен од премиерот ја посети и Мала Речица која исто така претрпе штети од Невремето, а вицепремиерот Пешевски и министерот Јолевски ги посетија жителите на Доброште каде исто така војската е вклучена во расчистување на штетите од големото невреме.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
