Продолжува расчистувањето на теренот во тетовско - Граѓаните задоволни од ангажманот на владата
Со кафе и чај премиерот Груевски вчера беше пречекан во Шипковица. По големата водена катастрофа состојбата во тетовско полека се стабилизира. Жителите задоволни од досегашната помош од државата.
Груевски ги информираше граѓаните на Шипковица и за пакетот владини мерки за надминување на последиците од невремето.
По Шипковица, премиерот со Владиниот тим ја посетија и Мала Речица каде исто така интензивно се работи на расчистување на наносите од водената стихија.
Од оваа под Шар планинско село Груевски продолжи со агендата воз Полог и присуствуваше на пуштањето на три локални патишта, а вицепремиерот Пешевски и министерот за одбрана Јолевски ги посетија жителите на Доброште. И таму армијата ги санира штетите од поплавите.
Жителите на тетовско се благодарни и на Градот Скопје за помошта и механизацијата која ја испратија за побрзо расчистување на теренот.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
