Прва интервенција на итен пациент на Државната кардиохирургија
Со минимален рез успешно опериран млад пациент на Државната кардиохирургија. Пациентот имал тешко заболување на срцето и бил во животозагрозувачка состојба. Новата метода викендот на Клиниката ја применил професорот од Швајцарија со македонско потекло Омер Џемаили. Во операционата сала биле и негови колеги од Македонија.
-Овие пациенти се третираат скоро секаде со тоатално отворање на градниот кош, а ние го опериравме со мал рез до пет сантиметри и само парцијално отворање на градниот кош што му овозможува побрзо да закрепне и да се врати на нормалниот живот,изјави проф.д-р Омер Џемаили, кардиохирург.
-Швајцарскиот концепт за минимално инвазивна хирургија и за хирургија без машина за екстракорпорна циркулација, односно вештачко срце и плуќа, што е секојдневие во Швајцарската клиника го прифаќаме и полека ги имплементираме сите протоколи. Продолжуваме и со нашите операции кои засега одлично одат и се надеваме на се поголем успех, изјави проф.д-р Сашко Јовев, кардиохирург.
Пациентот успешно закрепнува, почнал сам да се движи и за неколку дена ќе биде пуштен дома. Заедно со него во моментот на Кардиохирургија се хоспитализирани уште 6 лица кои исто така успешно се оперирани. Според министерот за здравство се зголемува бројот на операции на новата Клиника.
-На Државната кардиохирургија постојано се зголемува бројот на пациенти кои се третирани и досега, оперирани се 95 пациенти, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
За наредната недела подготвени се и ќе бидат оперирани срцата на уште тројца пациенти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
