По 800 денари за енергетска сиромаштија за лицата приматели на социјална помош
Наместо 700 денари од сметка државата на социјално загрозените семејства им дава по 800 денари месечно како надомест за потрошена електрична енергија. Почна да се реализира зголемувањето на паричниот надомест за енергетска сиромаштија согласно програмата на Владата, информираше министерот за труд и социјала Диме Спасов.
-Граѓаните кои користат социјална помош и се наоѓаат во потешка материјална положба и кои ќе ги приложат сметките за електрична енергија во центрите за социјална помош од минатиот месец ќе им бидат рефундирани повеќе средства за надоместување на потрошена електрична енергија, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Освен за електрична енергија државата на лицата кои добиваат социјална или постојана парична помош им дава месечни субвенции и за огревно дрво, јаглен, екстра лесно масло или нафта за домаќинства како и за централно греење. Мерката ја користат 10.000 социјално загрозени семејства.
За енергетска сиромаштија за 2015 во буџетот се обезбедени 81 милион денари.
Проектот почна да се реализира во 2010 година и изнесуваше 600 денари, во 2012 се золеми на 700, сега е 800 денари месечно, Догодина планирано е субвенциите да се зголемат на 900, а во 2017 ќе изнесуваат 1000 денари од платена сметка.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
