Спортските федерации задоволни од владините стипендии за млади и талентирани спортисти
Спортските федерации задоволни од владините стипендии за подршка на млади спортски таленти. Од септември 500 нови надежни спортисти до 20 години ќе бидат стипендирани со по околу 20 проценти од месечната плата односно месечно ќе добиваат по околу 4200 денари. Федерациите треба да ги предложат најталентираните спортисти кои заслужуваат стипендија.
Стипендирањето на уште 500 млади спортски надежи во неделата го најави премиерот Никола Груевски.
- Очекува до крајот на август да се приберат сите податоци од федерациите и од почетокот на септември да отпочне исплатата на стипендиите на сите 500 спортски надежи коишто ги делегираат федерациите, изјави Никола Груевски,премиер на Р. Македонија.
Досега се доделени вкупно 2859 стипендии, а исплатени се околу 2 милиони евра. Подршката на талентираните спортисти оди патралелно со инвестициите во спортската инфраструктура изградба на спортски сали, фудбалски терени, игралишта за мал фудбал, повеќенаменски спортски игралишта и тениски терени.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
