Изјавата на Дачиќ е вовед во подготовките на Србија за втората рунда од обидот на Косово за влез во УНЕСКО
Политичарите да не сносат одговорност за рушпење на изграденото пријателство и да не се загрева атмосфеарата, порачуваат од македонското МНР по изјавата на Ивица Дачиќ.
- Меѓу Србија и Македонија има многу блиски и длабоки пријателски односи. Не е случајно што граѓаните во двете земји имаат многу позитивни чувства за соседите од другата страна. На политичарите останува само да ги продлабочуваат тие историски односи.
Доколку тоа не е возможно, тогаш треба да бидат одговорни барем да не го рушат пријателството кое постои помеѓу Македонија и Србија, во двата правци. Ова треба да важи и во услови кога е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО, велат од МНР.
Како подготовка на Србија пред вториот круг гласање за прием на Косово во Унеско, македонски дипломатски извори ја коментираат изјавата на Дачиќ во која тој вели дека Србите биле будали што ја признале Македонија под уставното име.
Истите извори за Сител оценуваат дека потегот на шефот на српската дипломатија е чекор за додворување кон Грција која е на чекор пред признавање на независноста на Косово. Губењето на нивната поддршка како едена од 5те земји членки на ЕУ која го нема признаено Косово би значел сериозен удар за меѓународната подршка на Србија.
Токму на тоа упатува и делот од изјавата на Дачиќ во која тој посочува дека Србија им удрила шамар на браќата Грци со одлуката да го признае уставното име на Македонија.
Во новогодишното интервју Дачиќ вели неговата земја отсега уставното име на Македонија ќе го користи само во билатералните односи со соседот, но не и на меѓународна сцена.
Интервјуто на Дачиќ ги налути сите соседи кои добија директни навреди, па неговото интервју се најде во сите медиуми во регионот.
Иако Хрватска е клучна земја на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ, во делот на градење на добрососедски односи сепак шефот на српската дипломатија не штедеше навреди за соседите од север, а листата ја потполни и со најавите за блокада на Црна Гора во меѓународните организации во првата можност која ќе ја добие Србија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
