Плевнелиев го разбуди гневот
Плевнелиев го разбуди гневот. Неговите закани кон Македонија упатени ден пред заминување од функцијата претседател на Бугарија предизвикаа бурни реакции. Убедувањата дека ги штити националните интереси преку одлуката ниту еднаш да не ја посети Македонија во својот мандат за многумина се силење пред домашната јавност. Прв во јавноста излезе министерот Попоски кој му порача на Плвенлеиев дека со неговата изјава само потврдил дека нема ниту моќ ниту визија за градење на добри односи со соседите.
И пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски му напиша одговор на веќе поранешниот претседател на Бугарија.
-Можеби подоцна од некои други, но Македонија создаде и своја држава и своја нација, и свој јазик, посебност, идентитет. И тоа е политичка реалност со децении. Колку повеќе го негирате, толку повеќе си ја сакаме и државата, и нацијата и јазикот, и толку повеќе ги сметаме за посебни и го јакнеме чуството за нашиот идентитет. Историјата е историја и таа треба да се проучува, објаснува и почитува, да се извлечат поуки и да не зближува а не да не оддалечува. Сме имале многу заеднички работи низ неа. Тоа е неспорно. И тоа било реалност некогаш. За жал ваквиот однос на бугарските политичари креира нова спротивна реалност, наместо блиски и братски односи преку соработка, чести средби, меѓусебно уважување и помош, помош кога ни е најпотебна без уцени како сега за влез во ЕУ и НАТО, одмерени изјави..., ние имаме сосед кој постојано има потреба да не казнува и дисциплинира со одмазнички чекори и навредлива реторика, со список на уцени, напиша Илиоски на својот ФБ профил.
Пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ му порачува на Плевнелиев дека не треба да живее заглавен помеѓу прашањата на историјата од пред 100 години, прашувајки го дали и по други прашања политичарите во неговата земја живеат во исто време.
Во своето последно интервју ден пред заминувањето од функцијата. Плевнелиев го повика неговиот наследник Румен Радев да ја следи неговата политика, која според него била потег за дисциплинирање на соседот. Тој не криеше ниту дека бил првиот кој на комесарот за проширување му посочил дека извештаите за Македонија се нереални и оти Европа има проблем со Македонија, а сега сите претседатели од континенетот барале совет од него за постапките кон Македонија.
Пратеникот Илиоски од Битола реагираше и на изјавите на српскиот МНР, прашувајки зошто пресметките ги користи за Македонија, но не и за Америка, Германија и Англија, традиционална пријателската Франција, Италија, Канада, Австралија кои многу пред Македонија го признаа Косово. Илиоски оценува дека Дачиќ се обидува преку Македонија и Црна Гора да им се претстави на српските граѓани како храбар патриот пред неговата кандидатура за Претседател на Србија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
