Македонија
15. September 2015 - 19:11

Една година од воведувањето на Ало докторе

Млади лица во ноќните часови бараат помош на Ало докторе. Поради срам од родителите и соседите за сексуални проблеми и пијанство наместо во најблиската амбуланта одлучиле да се консултираат со лекар преку  телефон. Покрај младите на 15 123 чести се јавувањата и на самците кои барале друштво за разговор, но предничат повиците од хронично болните и лицата со влошено здравје. За една година на оваа телефонска линија имало над 15.700 повици.

-Другиот момент што како бенефит го имаме тоа е кон бројот 194. Бележиме значително растеретување на овој број за сите овие состојби. Претходно граѓаните го користеа бројот 194. Двата повикувачки броја се поврзани. Колегите од 194 доколку сметаат дека повикот не е за нив го префрлаат повикот на „Ало докторе“ и обратно. Околу 20 до 25 проценти телефонската линија 194 е растеретена за Скопје, а верувам и за другите центри бидејки на 02/15 123 може да се јави секој од Република Македонија, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Во Ало докторе се ангажирани вкупно 25  специјалисти. Дел од нив се пензионирани лекари. Освен од Скопјани чести се повиците и на граѓани од други градови кои најчетсо барале совети за  кардиоваскуларни и респираторни заболувања, главоболка, покачена температура, стомачен вирус или алергија.