„За заедничка Македонија“ со протестен марш од Владата до делегацијата на ЕУ
36 ден расте масовноста на протестните маршови во Скопје. Илјадници граѓани со единствена порака денеска наместо пред законодавниот дом заминаа пред седиштето на ЕУ.
Наместо по патеката на државноста заминаа да го поздрават гостинот од Брисел.
Во ист глас ги упатија пораките до Донал Туск. Му порачаа на претседателот на Европскиот совет да им пренесе на неговите колеги, за и тие да слушнат дека народот е тој кој одлучува, а тој е против поделбата на Македонија.
Граѓаните не прифаќаат платформа пишувана во туѓа држава. И денеска порачаа дека нема да дозволат некој друг да одлучува за македонскиот идентитет, за државната химна, грбот и знамето на Македонија.
Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија не се откажува од присуството на улиците.
И утре ѓе чекорат по патеката на државноста за уште еднаш да им порачаа на македонските политичари дека никогаш нема да им дозволат да ја променат Македонија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
