Македонија
13. April 2017 - 16:11

Вештаците биле болни: Одложено судењето за убиството на малиот Алмир во Куманово

За почетокот на идниот месец е презкажано рочиштето за убиството на четири годишниот Алмир Алиу. Боледувањето кое го зел вештакот задолжен за случајот е причината поради која денеска ниту обвинетиот, ниту родителите на малиот Алмир не можеа да ги слушнат резултатите.

На минатото рочиште семејството на малиот Алмир бурно реагираше на извештајот од првиот вештак, кој иако утврдил дека обвинетиот Бобан Илиќ не се наоѓал во состојба на патолошки страв, сепак вештачењето покажало дека бил уплашен поради заканите по неговиот и животот на неговите најблиски што можело да допринесе ограничувачки на неговото расудување.

И адвокатот на семејството Алиу оцени дека ваквото вештачење е селктивно.

За истиот случај покрај обвинението за дело убиство за Бобан Илиќ, во декември минатата година кумановското обвинителство покрена обвинение за три други лица за делото насилство, кој според истрагата учествувале во нападот на Илиѓ и неговиот брат.

Случајот ја потресе јавноста во јуни минатата година. Поради расправија за предност во здраствената амбуланта, а по ударот од автомобилот на Илиќ и по една недела битка на скопските клиники четири годишниот Алмир им подлегна на повредите.