Иванов останува на ставот за мандатот - Жбогар повикува да се формираат институциите
Претседателот Ѓорге Иванов не чуствува одговорност за кризата, која според него е резултат на платформата. Токму документот кој се појави по изборите вели Иванов, државата од политичка ја вовел во институционална криза. Македонскиот претседател ќе го почитува уставот и пракста, и нема тврди да оди во спротивност со заклетвата дадена пред македонските граѓани. Додека не бидат отстранети правните и политички пречки мандатот нема да биде врачен.
-Се додека тие пречки не бидат отстранети јас не можам да донесам одлука која што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за моја одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети. Јас го почитувам Уставот и праксата создадена во 1992 година. Тоа им го кажав и на сите претставници на партиите кога беа на консултации. Треба да се почитува тоа што е во Уставот и роковите предвидени во Уставот и преседанот направен во 1992 година. Надвор од тоа, која било донесена одлука доведува до прашање за моја одговорност. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам она што е уставен поредок на Република Македонија, вели Иванов.
За разлика од Иванов, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар повторно побара избор на претседател на Собранието и формирање на нова Влада. По изборите и долгата дебата, сега порача Жбогар е време да се формираат институциите.
- Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.
Жбогар вели дека досегашните случувања им покажале на сите во државата дека е време за единство и обединување кон иста цел – напредок на Македонија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
