Македонија
17. September 2015 - 18:17
Досега изградени 39 нови градинки, во изградба уште 7
До крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба уште 7 детски градинки. Со што во последните неколку години изградени се вкупно 46 нови установи за згрижување и воспитување деца во повеќе општини низ Македонија.
-Од аспект на згрижување на деца, на возраст од 3 до 6 години, во минатото пред да почнат овие активности, нешто малку над 10 отсто од децата имаа можност да се згрижат во градинки. Сега веќе тој процент нарасна на приближно 40 отсто. Тоа за неколку години е значителен раст, изјави премиерот Никола Груевски.
Според премиерот Груевски со изградбата на нови детски градинки им се дава поддршка на семејствата во Македонија кои имаат деца за подобрување на демографската слика во земјава.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
