Јавното обвинителство за организиран криминал се вклучува во истрагата за настаните од 27 април
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се вклучува во истрагата за случувањата на 27 април во македонското собрание. Одлуката следи по проценката на основното јавно обвинителство Скопје, по превземените истражни дејствија и прибавениот доказен материјал. Од основното обвинителство утврдиле дека постои содејство на неколку осомничени во целокупните случувања во Собранието, и надвор од него.
- Станува збор за сплет на инкриминирани дејствија кои што значат остварување на законски битија на поголем број кривични дела кои не можат да се припишат само како деликт на масата, ниту пак на од таму произлезени конкретни кривични дела на сторители, велат во соопштението од ЈОРМ.
Основното јавно обвинителство списите на предметот веќе ги доставило до надлежното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а истражните дејствија на основното обвинителство продолжуваат но како што велат од таму само за кривичните дела кои се во нивна надлежност.
До сега судот донесе пресуда во случајот за деветтмина од лицата кои заработија кривични пријави, изрекувајки им условни казни. Покрај обвинителството, на утврдување на учесниците и делата кои ги сториле работи и МВР.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
