Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.
Најниска температура до 17 и 30 часот беше измерена на Попова Шапка четири степени, во Крушево и Маврови Анови пет, во Берово и во Прилеп 9, во Претор, Крива Паланка и во Битола - 10, во Охрид - 11, во Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Штип - 12, во Демир Капија, Струмица, Велес и Скопје Петровец - 13 и во Гевгелија 15 степени.
Најмногу дожд наврна во Кавадарци осум литри на метар квадратен, во Берово и во Прилеп шест, во Битола и Демир Капија пет л/м2.
Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
