Македонија
14. October 2026 - 20:26

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување

За повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ претстои нова фаза од лекувањето, за која се координираат здравствените власти од регионот.

По средбата со србскиот колега, Министерот за здравство најавува дополнителни разговори со бугарската страна, по кои треба да бидат прецизирани следните чекори за медицинскиот третман.

- Во поденеделник ќе одам во Бугарија, на средба со нивната министерка. Очекувам со тоа да ги финализираме ставовите за следната фаза од лекувањето на повредените од Кочани. Следната недела планирам да одам во Кочани, да имам средба со повредените и да им го соопштам планот, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Клековски од Штип информираше и за продолжувањето на изградбата на новата клиничка болница.

По двата круга разговори со Европската инвестициска и Светска Банка, Министерството очекува до крајот на годинава да се финализираат преговорите и да се склучат договорите, по што ќе следува тендерска постапка за довршување на објектот.

Според најавите, тендерот би траел од три до шест месеци, а градежните активности би можеле да започнат во летото или есента следната година.

Паралелно со најавите за инфраструктурни инвестиции, во Штип е отворен и мултидисциплинарен кабинет за дојка.

- Околу 1000 жени годишно добиваат рак на дојка, што преставува значаен здравствен проблем, додаде Клековски.

Во однос на вакцинацијата против сезонски грип, министерот најави дека апликацијата vakcinacija.mk ќе биде активна по отстранувањето на последните технички проблеми, а дистрибуцијата на вакцините до центрите за јавно здравје треба да започне во најбрз можен рок.