Македонија
14. October 2026 - 19:49

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027

Недостигот на дизел може да продолжи до втората половина од следната година, предупреди Меѓународната агенција за енергија.

Ограниченото производство, нарушените испораки од Блискиот Исток и Русија, предизвикаа пад на залихите пред стартот на зимската сезона, кога побарувачката е зголемена.

Според Извештајот на ИЕА, закрепнување на производството се очекува до крајот на годината, но сепак побарувачката ќе биде поголема од понудата, што ќе предизвидка цената да продолжи да расте.

Додека Европа стравува од постојаниот скок на цената на нaфтата, американскиот претседател Трамп договори увоз на дизел од Русија.

Договор предвидува веднаш да се испорачаат над 300 илјади тони дизел, а веќе од следниот месец уште 500 илјади тони.

- Русија и САД веќе ги стабилизираа цените на нафтата и претходно, како и пазарите на нафта. Мислам дека соработката за дизелот е клучна. Намалувањето на цените од 5 проценти во Њујорк на самиот ден на објавувањето покажува дека тоа е добро за светските пазари, за САД, за земјоделците, за Русија. И секако, Русија и САД ќе продолжат да работат на други проекти, изјави Кирил Дмитриев, специајлен пратеник на рускиот престедател.

Договорот го критикуваа и дел од европските лидери, меѓу кои  италијанската премиерка Мелони, која изјави  дека ваквиот чекор на Трамп е многу ризичен и го нарушува западниот фронт против Москва.

Инаку малопродажната цена на дизелот во средината на септември достигна рекордни 220 долари за барел во Европа и САД.

Во моментов цената е околу 200 долари во Европа, со што просечната цена на дизелот е над 2 евра по литар, додека во САД цената за литар е речиси 1,5 евро.