Норвешка очекува рекорден прилив од продажба на нафта и гас во 2023

Владата на Норвешка наредната година очекува рекордни приходи од продажба на нафта и гас, речиси една петтина повеќе отколку годинава и петпати повисоки од 2021, благодарение на проценетото повисоко производство и „скокот“ на цените.
Цените на гасот во Европа се повисоки поради намалените залихи од Русија. Западните земји воведоа санкции против земјата поради нејзината инвазија на Украина. Најголемиот европски снабдувач со гас и голем светски производител на нафта, Норвешка очекува идната година да испумпува 4,3 милиони барели нафтна дневно. Тоа е за 200.000 барели дневно повеќе отколку годинава. Поради растечките цени, тоа ќе ѝ донесе голема заработка.
Во нацрт-буџетот за наредната година, Министерството за финансии на Норвешка прогнозира раст на приходите од нафта и гас на рекордни 131 милијарди долари, пишуваат дел од светските медиуми. Иако Осло тврди дека „скокот“ на цените на гасот не е во долгорочен интерес на земјата, таа ги отфрли повиците за ограничување на цените. Според Осло, тоа нема да ѝ помогне на Европа да обезбеди повеќе енергија.
Во нацрт-буџетот, Министерството за финансии најави и дека планира наредната година да ја намали потрошувачката од државниот пензиски фонд за буџетско финансирање за да ја ограничи инфлацијата. „Иако економијата покажува знаци на забавување, инфлацијата е на највисоко ниво од 80-тите години на минатиот век.
Затоа е потребен штедлив буџет каде се намалува потрошувачката од глобалниот пензиски фонд на Владата“, се истакнува во соопштението. Се очекува инфлацијата годинава да достигне 4,8 отсто и да падне на 2,8 проценти во 2023 година.
Ново на Сител
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
