По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште 5 други земји. „Внимателно набљудуваме, внимавајте што правите„ им порача американскиот претседател и на Колумбија, Иран, Мексико, Куба и Гренланд.
Колумбија е исто така многу болна. Ја води болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава на Соединетите Држави. И нема да го прави тоа многу долго, дозволете ми да ви кажам.“
НОВИНАР: „Што значи тоа, нема да го прави тоа многу долго?“
ТРАМП: „Не го прави тоа многу долго. Има фабрики за кокаин и фабрики за кокаин. Нема да го прави тоа многу долго.“
НОВИНАР: „Значи, ќе има операција од страна на САД во Колумбија?“
ТРАМП: „Ми звучи добро. Знаете зошто? Затоа што убиваат многу луѓе.“
НОВИНАР: „Дали размислувате за акција на САД во Куба?“
ТРАМП: „Мислам дека сама ќе падне. Не мислам дека ни треба никаква акција.
Ваквите најави ги зголемуваат тензиите во Латинска Америка, а колумбискиот претседател Густаво Педро јавно го предизвика Трамп, да дојде по него.
Данската премиерка пак порача дека напад на САД врз Гренланд, сојузник на НАТО, ќе значи крај за воениот сојуз и светската безбедност по Втората светска војна.
Судењето на Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, започна вчера во федералниот суд на Менхетен. САД го обвинуваат соборениот претседател за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин и поседување митралези и експлозивни направи.
Двајцата обвинети ги негираа сите обвиненија. „Јас сум пристоен човек кој е киднапиран и се уште сум претседател на мојата земја“ порачал Мадуро, по што судењето било прекинато, а следното рочиште е закажано за 17 март.
Во меѓувреме потпретседателката на Венецуела Делси Родригез привремено го превзема управувањето со државата. Ден претходно Родригез го повика Вашингтон на помирување и прача дека е подготвена на соработка со американската администрација.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
