Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ - „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.
Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.
Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот - отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.
Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот - сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот - не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.
Ново на Сител
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
