Нов семафорски столб на крстосница во Автокоманда
![]()
Екипите на ЈП "Улици и патишта" Скопје, по налог на Град Скопје, денес го монтираат новиот семафорски столб на крстосницата во Автокоманда на булеварот Александар Македонски со улица 16-та Македонска Бригада, кој беше уништен од сообраќајната незгода која се случи во изминативе денови на овој потег.
При санацијата се извршени градежни работи, направени се нови темели, а денес се монтира нов портален семафорски столб за нормално функционирање на семафорите и враќање на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот.
Екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација продолжуваат со тековните активности, се координираат до Центарот за управување и контрола на сообраќајот и со редовната контрола и обиколка на семафоризораните крстосници во градот и интервенираат на санирање на дефектите на семафорите во градот.
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
