Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
Во време на економски предизвици и глобални трансформации, потребата од јасен, стручен и одговорен глас на економистите е поголема од кога било. Сојузот на економисти на Македонија – институција со повеќедецениска традиција и влијание – започнува нова фаза на ревитализација, обновена мисија и активно вклучување во јавниот и стручниот дискурс.
На денешното Годишно собрание оддржано во просториите на МАНУ, за Претседател на Сојузот беше избран Проф. д-р Борче Треновски, професор на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во своето обраќање, тој истакна:
„Оваа институција – која повеќе од пет децении ги обединува економистите во земјата – повторно ќе стане отворена, стручно заснована и инклузивна платформа. Потребно е, повеќе од кога било, да ја реафирмираме улогата на економистите во унапредување на економската мисла и примената на знаењето во креирањето политики и подобрување на економското окружување во земјата. Сојузот треба да биде форум каде ќе се сретнат науката, практиката и јавниот интерес – со јасна улога и во националното и во глобалното економско окружување.“
Со новата визија, Сојузот ќе ги обедини академиците, истражувачите, професионалците од јавниот и приватниот сектор, како и новата генерација млади економисти, со цел заеднички да придонесат кон забрзан и одржлив долгорочен економски развој на Република Македонија.
Сојуз на економисти на Македонија
Ново на Сител
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата