Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година. Министерот за култура и туризм Зоран Љутков најави дека се работи на зголемување на бројот на гости надвор од летната сезона кои би ги посетувале и останатите градови од Македонија со своите природни и културни убавини.
Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 % ,а зголемување има и во бројот на ноќевањата покажуваат статистичките податоци на државниот завод за статистика.
Добрите познавачи пак велат дека потребно е инвентивност и од страна на туристичките работници, да креираат богата вонсезонска понуда, која ќе опфаќа активен, рурален, планински, културен, верски и гастро туризам.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
