Нова трагедија - 26-годишен прилепчанец си го убил таткото
Синоќа околу 20 часот по претходна семејна расправија 26 годишниот А.М. од прилепското село Селце со остар предмет му нанел тешки повреди на неговиот татко 52 годишниот М.М., по што тој за кратко време починал. Веднаш по убиството 26 годишниот жител на селото Селце избегал. Инаку таткото и синот според првичните информации и во претходниот период имале нарушени семејни односи.
После само 2 часа од немилиот настан, околу 22 часот, од страна на полициски службеници осомничениот за убиството е пронајден на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп, по што веднаш бил лишен од слобода. Осомничениот во моментот на приведувањето бил под дејство на алкохол.
По наредна на јавниот обвинител денеска е извршена и обдукција врз телото на починатиот. Јавната овинителка од Прилеп, Маријана Илиеска, телефонски ни истакна дека во моментов обвинителството водело истражна постапка за кривично дело убиство при вршење на семејно насилство. Поднесен бил предлог за определување на мерка притвор до 30 дена до судија на претходна постапка, а издадена била и наредба за спроведување на истражна постапка за целиот случај.
Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали околу овој случај.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар