Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот | ВИДЕО

Играта заснована на патувањето и потонувањето на бродот „Титаник“ следната година добива нова верзија, и според неофицијалните податоци, ќе биде наменета за „Плејстејшн“. Според порталот „Гејмерофишал“ (Gamerofficial), играчите и љубителите на овој серијал видеоигри, имаат задача да избегаат од бродот што тоне и да преживеат.
Иако опишан како „непотонлив“, познатиот „РМС Титаник“ потона на 15 април 1912 година, откако удри во санта мраз, на неговото прво патување од Саутемптон, Англија, до Њујорк, САД. Се проценува дека околу 1.500 патници и членови на екипажот загинале во катастрофата – од вкупно 2.224 луѓе на огромното пловило.
Насловот на играта е „Титаник: Чест и слава“ (Titanic: Honor and Glory). Создавач на видеоигрите е компанијата „Винтиџ дигитал ривајвал“ (Vintage Digital Revival).
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
