Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар

Нова вонредна дератизација ќе биде спроведена во општина Центар в понеделник, откако претходната беше спроведена пред само еден месец.
Општина Центар информира дека редовно врши дератизација и дезинсекција на подрачјето на целата општина, со цел заштита на здравјето на граѓаните и превенција од заразни болести.
-Од почетокот на годината Општината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции на локации каде што беше забележано зголемено присуство на глодари. Новата вонредна дератизација ќе се спроведе во понеделник, а од октомври ќе следува и редовната есенска дератизација - се вели во соопштението.
Градоначалникот Горан Герасимовски, се вели во соопштението, истакнува дека општинските служби континуирано ја следат состојбата и реагираат таму каде што има потреба, но дека проблемот не може да се реши само со дератизација.
-Последната вонредна дератизација ја спроведовме пред само еден месец, а во понеделник повторно излегуваме на терен. Редовно преземаме мерки, но мора да се отстранат и причините што создаваат услови за појава на глодари. Нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад се сериозен проблем. Граѓаните мора редовно да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории во станбените објекти и да не оставаат отпад на несоодветни места. Само со заедничка грижа можеме да имаме чист и безбеден Центар - изјавил Герасимовски.
При дератизацијата се третираат шахти, простори околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено зголемено присуство на глодари.
-Општина Центар продолжува со засилено следење на состојбата на терен - се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
