Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.
- Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза". И тука, од една во друга клиника, во овој кампус, исто така, правиме таков тип на хоризонтална мобилност на профилите. Тоа се случува бидејќи досега за жал креирани политики во здравството биле само врз основа на семејни или другарски односи, а не врз основа на реални потреби што Министерството ги има за стручен кадар, рече тој.
Тој рече дека набрзо ќе се отворат нови места за што има потреба.
- Ние набрзо ќе отвориме уште 300 слободни места за специјализанти, во профили од кои навистина имаме потреба. Немаме радиолози во државата, па затоа и таму се случува пациенти да чекаат со денови за резултати за читање на слики. Триста веќе беа објавени и се завршени, а 300 ќе се објават од наредната недела, додаде Алиу.
Тој истакна оти битно е дека профилот мора да биде компатибилен со потребите на здравствениот систем.
- Ќе инсистираме на тоа, истакна министерот Алиу.
Ново на Сител
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј