Нови 511 заболени од грип, пад од 39,1 отсто споредено со претходната недела

Во текот на 13. недела од 2025 година - од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 53,6 проценти, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.
Новозаболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 198, Тетово - 67, Гостивар - 51, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.
Во текот на оваа недела, во девет извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 - сезонска, а во Македонски Брод - средна активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 25.011, покажуваат податоците на Институтот.
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 22,7 проценти. Кумулативно, заболените се пријавени од дваесет и девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрира на територијата на Скопје, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Дебар.
Заклучно со 13. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
